Изработка на проектна документација за ФИТР Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации

Целта на инструментот за поддршка – Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации е да поттикне зголемување на активности за истражување и развој во приватниот сектор, да се охрабри соработката помеѓу приватниот сектор и високообразовните и научноистражувачките установи, како и останати форми на соработка за комерцијализација на иновации.

Инструментот е наменет за претпријатијата кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија  со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајќи поддршка за претпријатија со висок потенцијал за раст.

Ви нудиме високо квалитетна услуга на искусни консултанти кои имаат изработено преку 70 проекти.

T-Consultants нуди лесен пристап до проекти и грантови за МСП, вклучувајќи истражување, консултации и подготовка на документација.

– Проценка на компанијата и проектната идеја за подобност спрема критериумите на повикот

– Бизнис истражувања за потребите на апликантот

– Анализа на активности прифатливи за финансирање

– Репортинг, изработка на финансиски и наративни извештаи спрема барањата на проектниот повик

Изработка на проектна документација за проекти финасирани од ЕБРД, Светска Банка, ИПАРД Програма, Фонд за иновации и технолошки развој ФИТР,  ERASMUS+, со големо искуство и реализирани голем број на апликации, Horizon 2020 и други претпристапни фондови и грант шеми финансирани од ЕУ.