Вештачења од областа на Материјално, сметководствено и финансико работење

TИКОН ви нуди Професионални вештачења од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење. Грижата за клиентите и искуството се нашите најголеми предности. Нашите консултанти се секогаш подготвени да ви помогнат со се што се бара од ваша страна. Со огромното искуство што го поседуваме, можеме брзо да ја надминеме секоја пречка што може да ја имате.

Цените на едно вештачење зависат од обемот на документацијата која ќе биде предмет на вештачењето (вообичаено документацијата вклучува фактури, испратници, работни налози, градежни книги, пресметковни листи од плата, банкарски девизни и денарски изводи од трансакциска сметка, договори, останата пропратна документација од банкарски трансакции, аналитички коминтентски картички, даночни картички, останати финансиски и материјални документи, извештаи од сметководствена евиденција и сл.), периодот кој се вештачи и вредноста на вештачената документација. Референтни цени може да најдете во продолжение, додека за конкретна понуда контактирајте не на contact@tikon.mk 

  • Едноставни вештачења, до околу 15 документи кои се предмет на вештачењето, вредност на вештачење до околу 150.000 денари, период на вештачење до 12 месеци: 9.300 денари нето цена без даноци;
  • Средно сложени вештачења, до околу 30 документи кои се предмет на вештачењето, вредност на вештачење до околу 600.000 денари, период на вештачење до 36 месеци: 18.500 денари нето цена без даноци
  • Покомплексни вештачења, до околу 60 документи кои се предмет на вештачењето, вредност на вештачење до околу 1.500.000 денари, период на вештачење над 36 месеци: 35.000 денари нето цена без даноци;
  • За сите вештачења со поголем обем на документи, поголема вредност на вештачењето, подолг опфатен период и сл., цена по договор.
  •  

Контакт

Дали сакате да научите како можеме да ви помогнеме да го подигнете вашиот бизнис на поинакво ниво? Дали сакате да започнете да спроведувате добро развиена деловна стратегија? Или едноставно, дали имате прашање за нас?
Испратете ни порака!

Седиште

11 Октомври бр.25, Скопје, Македонија
Tel: +389 2 2449176
Cell: +389 76 454900
Email: contact@t-consultants.com

Copyright 2022 T-Consultants. All rights reserved.