Изработка на Извештај за Функционална Анализа на работните места
Согласно Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ број 27/14, 199/14,
27/16 и 35/18), институциите во јавниот сектор во Република Македонија од 2015 година имаат
обврска да ги подготвуваат актот за внатрешна организација и актот за систематизација на
работните места, врз основа на ФА.
ФА има за цел да даде реална и целосна слика на подготвеноста на институцијата на краток и
среден рок да ги спроведе неопходните подобрувања за подобро вршење на нејзините основни
функции. Спроведениот процес треба да биде преточен во документ кој ќе даде осврт на
ефикасноста и ефективноста на извршувањето на работите и работните задачи во рамки на
внатрешната поставеност, како и за дистрибуцијата на расположливите ресурси (кадровски,
просторни, ИТ, технички и др.), од кои најзначаен секако е човечкиот капитал. Имено, наодите
и препораките од ФА претставуваат солидна основа за редефинирање на приоритетите,
редизајнирање на структурата и насочување на административниот капацитет кон остварување
на подобри резултати.
ФА треба да биде и алатка за раководството. Процесот вклучува прибирање на информации за
функциите кои ги врши институцијата и нејзините вработени, како и методите на работа и
постигнување на очекуваните резултати. Оваа методологија всушност треба да биде средство
со кое институциите од јавниот сектор ќе можат да извршат сеопфатно самооценување на
квалитетот на работата, во контекст на подобрувањето на услугите за граѓаните, притоа водејќи
се дека јавните институции постојат за граѓаните.
Контакт
076454900, contact@tikon.mk




